ВИДЕО: Се урна зграда во Лагос од 20 ката, заробени најмалку 50 луѓе!

од Берта Китинска

Најмалку 50 луѓе останаа заробени во урнатините откако се сруши 21-катница во Лагос, објавија локалните медиуми.

Зградата се урна околу 15 часот по локално време, а меѓу заробените наводно има и градежни работници.

Спасувачките екипи чекаат да пристигнат на местото на настанот.

CNN јавува дека се работи за објект во изградба.

– Мислев дека е земјотрес, земјата се помести. Излетав од станот, знаев дека нешто не е во ред – рекол Олу Апата, кој живее во соседството.

Тој посочи дека изградбата почнала пред две години. Медиумите пишуваат дека станува збор за зграда со луксузни станови.

Слични содржини