ВИДЕО: Силно невреме во Москва, урнат дел од ѕидот на Кремљ

од Берта Китинска

Од силното невреме што ја зафати Москва се урна дел од ѕидот на Кремљ.

Скелињата кои биле поставени на ѕидовите на Кремљ се урнаа на Црвениот плоштад, а при падот оштетија дел од ѕидовите.

Ветрот уриваше и дрвја, расфрлаше канти за ѓубре по улиците и предизвика хаос во градот.Градските власти ги предупредија жителите доколку можат да останат во затворени простории, да бидат многу внимателни на улица и да не паркираат автомобили под дрвја.

Слични содржини