(ВИДЕО) Спасовски: Процесот на премин на кадрите од УБК во новата АНБ е завршен кредибилно

од Vladimir Zorba

-Процесот на премин на кадрите од УБК во новата АНБ е завршен кредибилно и со тоа се согласија сите учесници во работната група, вели во интервју за „Слободен печат“, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Постоеја јасни критериуми врз основа на што се вршеше селекцијата. Оние кои ги исполнија критериумите преминаа во АНБ, оние кои не ги исполнија остануваат во МВР. Но, оние кои имаат негативни безбедносни проценки нема да можат да останат во МВР – посочува Спасовски.

Слични содржини