(ВИДЕО) Стефанов: Погледнете, во 21 век водата за пиење во Неготино се загадува после секој дожд

од Vladimir Zorba

voda

Прес конференција на претседателот на ОО СДСМ Неготино, Васко Стефанов:

Почитувани сограѓани,

Еве каква вода пиеме во овие врнежливи денови, погледнете.

Во 21 век, граѓаните на Неготино, при секој дожд добиваат загадена вода од градскиот водовод којашто не смее да се пие. Преку целата година има рестрикции и недостаток на вода, особено во летниот период.

Ризикот од заразни болести како резултат на нечиста вода е секој ден се поголем.

Нестрпливо го очекуваме градоначалникот да не демантира и да испие на екс чаша матна и „здрава„ неготинска вода.

Десет години ВМРО-ДПМНЕ мисли на криминални тендери наместо на граѓаните.

Не може да има 18 милиони евра за Панорамско тркало во Скопје, а жителите на Неготино да пијат загадена вода.

Градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ванчо Апостолов, со години лаже дека ќе се обезбедат пумпи за решавање на проблемот со водоснабдување, но вода се уште нема.

Најскапото нешто, здравјето на граѓаните не може вака да се потценува и уништува.

Итно треба да се преземат мерки да се обезбеди исправна и здрава вода за пиење за граѓаните на Неготино.
На жителите на Неготино мора да им се обезбеди исправна и здрава вода за пиење.
Промените доаѓаат на 11 декември. Новата, одговорна влада предводена од СДСМ ќе се грижи за основните потреби на граѓаните, а на жителите на Неготино проблемот со водоснабдувањето ќе им биде решен.
Ќе извршиме комплетна реконструкција на водоводната и канализациона мрежа, ќе го подобриме системот за одведување на отпадните води и ќе го зголемиме дотурот на чиста вода за пиење.

Слични содржини