Протестите во Кочани, кои започнаа како повик за правда по трагичната несреќа во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 59 лица, денеска ескалираа. Граѓаните, барајќи одговорност од сите засегнати, се собраа пред општинската зграда, фрлаа јајца и извикуваа: „Бараме правда“, „Секој еден може да е следен“, „Убијци“.
Демонстрантите првично побараа средба со градоначалникот во оставка, Љупчо Папазов, но беа спречени од полицијата. Во знак на револт, тие се упатија кон угостителскиот објект „Класик“, кој е во сопственост на газдата на клубот „Пулс“.Толпата влезе внатре и буквално го демолираше локалот.
Демолирани беа и возилата на сопственикот на дискотеката.
Од пред општината, тие продолжија кон куќата на градоначалникот Љупчо Папазов, каде за среќа се појави свештеникот Димитар Арсовски кој ги смири луѓето и побара да се разотидат за да може настраданите достоинствено да бидат погребани.
По смирувачките зборови на свештеникот, насобранати луѓе си разотидоа.