(ВИДЕО) Таткото на напаѓачот кој уби полицаец: Син ми не е добар ама во Бардовци одбија да го примат

од Vladimir Zorba

„Син ми не е добар ама во Бардовци не го примаат“. Ова е многу честа изјава на тие кои имале потреба од психијатриско лекување во болницата Бардовци. Последиците од ваквиот однос на оваа психијатриска установа се видоа сега. Многу помали инциденти кои за среќа не завршиле со убиство ги има во полциските станици и семејствата кои сега треба да се прашаат, и да се види што  е тоа што се случува? Зошто болницата во Бардовци не ги прима болните кои треба да се таму?

Познато е  последната информација  пред некоја година уште кога се сликаше Никола Груевски , дека завршила  првата фаза од реконструкцијата на болницата Бардовци.

38809

Рекоа дека во употреба е пуштен новиот објект вреден 1,1 милион евра. Следната фаза на реконструкција опфаќа два други објекти и ќе чини 2,5 милиони евра..

Тоа се објекти, значи простор има,  а што е со болните кој одлучува кој ќе биде надвор а кој внатре.?

kumanovo-552x426_c

Таткото на Е.Б од кумановската населба Средорек кој вчеравечер уби полицаец кој интервенираше при семејно насилство пред  камерата на Канал 5  тој  изјави дека неговиот син му рекол дека не се чувствува добро и побарал да биде вратен во болницата Бардовци, но таму одбиле да го примат.

-Од таму одбија да го примат – изјави неговиот татко.

Во соопштението на Основното јавно обвинителство од Куманово наведено беше дека   Е.Б последен пат од Психијатриската болница во Скопје бил пуштен дома на 25.07.2016 година, на барање на неговиот татко.

Сепак останува отоврено прашањето чија е одговорноста, од што како полседица е изгубен еден човечки живот ?

Слични содржини