(ВИДЕО) Трајчевски: Сакаме иднина тука, нашиот мотив е Македонија!

од Vladimir Zorba

tetovo

Во прилог е линк до видео, фотографија и интегрален дел, од обраќањето на Игор Трајчевски, член на Извршниот одбор на СДММ, на вчерашниот протест во Тетото, во рамки на Шарената револуција.


„Ние младите, моторот на ‪#‎ШаренаРеволуција‬ сакаме да живееме во слободна, демократска и просперитетна Македонија, тука да ја градиме нашата иднина.
Секојдневно сме на улиците и се бориме! Ниту една кривична пријава или притисок не може да не спречи во нашата борба, да не одврати од нашата идеја.
Немаме резервна татковина, нашиот мотив е Македонија“, рече Трајчевски.

Трајчевски се осврна и на барањата на Шарената револуција. До 18-ти јуни, Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО и да запре прогонот на демонстрантите.

Слични содржини