Актуелно
Почетна / Видео / (ВИДЕО) Украински пратеници го наградија турскиот пилот кој го симна рускиот авион Су-24

(ВИДЕО) Украински пратеници го наградија турскиот пилот кој го симна рускиот авион Су-24

Двајца пратеници од Врховната Рада се постапија брутално со сеќавањето на рускиот пилот, кој беше застрелан од туркменистански терористи во Сирија. Парламентарците Јулиј Мамчур и Алексеј Гончаренко го наградија симболично турскиот пилот, кој го симнал рускиот авион Су-24, и поставија на оградата на амбасадата на Турција во Киев црвена ѕвезда со полумесечина, соопшти телевизискиот канал “112”. Дувачки оркестар пак ја исполни “Смуглјанка”, познатата мелодија од легендарниот советски филм за пилоти-ловци за време на Големата патриотска војна.

20151128.nzdbkrheta

Организаторите на акцијата посочија дека нападот врз рускиот авион јапокажува подготвеноста на Турција да ја брани својата територија и критикуваа Европската унија дека не е доволно остра во својата политика кон Москва.

Вонредно: Од позиции во Турција минофрлачки напад врз сириската армија

Тоа не се првите несоодветни реакции на официјални представници на власта во Киев на трагичниот инцидент со соборениот Су-24. Пред неколку дена секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Александар Турчинов ги оцени активностите на турските пилоти како “висок професионализам”. Основачот на паравоениот баталјон “Азов” Андреј Билецкиј најави дека Легијата се подготвени да заминат за Сирија за да војуваат заедно со Турците против Русите. А најблискиот до претседателот Порошенко олигарх Генадиј Балашов предложи турските пилоти кои го нападнале во грб рускиот авион да бидат удостоени со титула “Херој на Украина”.

loading...
Featured Video Play Icon