Предмалку во Пастел во центрот на Скопје вицепремиерот Пешвски го нападнал Саше Политико.

-Го забележав вицепремиерот дека е на терасата во кафулето, му се приближив и најљубезно го прашав дали е вознемирен што ќе има специјален обвинител за наводите во опозициските бомби -ни изјави Политико.

– Наместо одговор – вели тој – добив нешто што не доликува на интелектуалец и човек на вицепремиерска функција. Замавна и ме удри – тврди Политико.
Потоа, според него, министерот станал и го следел со неговиот автомобил и го викал да влезе во колата да разговараат. Саше одбил и вели дека отишол во полициската станица Беко за да го пријави нападот.

Од инцидентот помеѓу вицепремиерот и Саше Политико има и видео запис.

Претходно пред инцидентот вицепремиерот Пешевски пиел кафе со уредничката на Вечер Ивона талевска.
Инаку Саше синока беше нападнат и од новинарот на Сител синока пред резиденцијата на ЕУ амбасадорот Орав. Овој напад Саше уште нокеска го пријавил во полициската станица Беко.

Видео од нападот објави и Ивановски на Мактел.

Слични содржини