“ВМРО – ДПМНЕ има рок од 30 дена да ја урне дивоизградената тераса на партиското седиште, во спротивно општина Центар ќе побара асистенција од полицијата за уривање на објектот“, ова го кажа Кочо Стојчески, Раководител на Секторот за инспекциски работи во општината-пренесе А1он.

skica-1

“Од извршениот увид во документацијата, можеме да констатираме дека инвеститорот ‘Бетон’ има доставено до Град Скопје проект и техничка документација за таканаречената нивна ‘настрешница’ или како што се гледа од приложеното, станува збор за тераса.

Денеска прва седница на Анкетната комисија за бомбите

По увидот извршен констатиравме дека издаденото решение за измени во тек на градба е спротивно на позитивните законски прописи во Р. Македонија и затоа доставивме предлог до градоначалникот на општина Центар, истото решение да го поништи. На едниот цртеж од објектот јасно се гледа дека на дивоизградениот објект горе, се гледа човек и на вториот цртеж, има влезна врата. Од цртежите јасно се гледа дека Град Скопје дал решение за тераса, а не за настрешница“, рече Стојчески.

Повеќе ТУКА

Слични содржини