ВИДЕО: Во иднина нашата облека ќе биде направена од ананас и од кокос

од desk2

Во иднина нашата облека можеби ќе биде направена од ананас и кокос. Додека дизајнерите бараат нови материјали кои се помалку штетни за планетата од памукот и кожата, едно можно решение се овие тропски растенија.

Потребни се 2.700 литри вода за да се направи една памучна маичка. Тоа е истата количина вода која еден човек ќе ја испие за период од 2,5 години. Производството на традиционален текстил е одговорно за 10% од емисијата на стакленички гасови.

Во меѓувреме, многу од растенијата чии плодови ги консумираме се совршени за изработка на текстил. Чевлите кои можете да ги видите на видеото подолу се направени од листови од ананас, при што ќе се потроши многу помалку вода и хемикалии отколку при обработката на животинска кожа. Тоа значи дека земјоделците ќе можат да заработат дополнително пари за нешто што и онака ќе завршело во отпад.

И печурките може да се користат за изработка на влакна од кои ќе се направи материјал за облека или обувки. Чантата на видеото е направена од „мило“, односно материјал направен од корен од габи. Јакната, пак, е направена од лушпа од кокос. Од 100 плодови на кокос може да се направи 1 кг влакна. Би носеле ли облека направена од ананас?

In the future, your clothes could be made from pineapple and coconut

Tropical textiles. 📕 Read more: https://wef.ch/2I7t9Ha

Публикувахте от World Economic Forum в Понеделник, 15 април 2019 г.

Слични содржини