Реисот Сулјеман Реџепи годинава ја сврте верската политика за 180 степени, пишуваат портали на албански јазик.  Ако лани на ифтар ги канеше верските заедници, новинарите и странските амбасадори годинава на главна маса си ги кани политичарите???
А тоа доведе до резултат, според албанските медиуми, да биде сосема  игнориран од сите странски амбасади кои се противат овој чин да добие политички карактер, па освен амбасадорот од Турција ни еден друг амбасадор не го почести реизот со присуство на ифтар.

11698605_499882743495909_7726066565509237395_n

На ифтар на реисот Реџепи годинава му дошле само лидерот на владеачката партија ДУИ, Али Ахмети придружуван од вицепремиерот Муса Џафери.

11698648_458469627663689_762878648460077936_n1-540x360

На ова реагирааат членовите на огранокот на ДУИ од Гостивар кој на официјалната фб страница напишале:

Али Ахмети му кажуваше на амбасадорот Рикер дека Сулејман Реџепи бил “се друго, но не и верник” и претставувал “Бирократијата на Господ”. И сега отиде да  јаде ифтар со него? Да и давате легитимитет на цела тоа криминална активност на Сулејман Реџепи? Да гледаме како зрачи Ролексот вреден 35.500 евра, пари крадени од верниците, од тие верници кои одвај преживуват! Се е веќе грдо, и да го направите само за дневна политика треба да знаете дека ова е надвор од сите морални, и достоинствени граници. Промената на ставовите, хипокризиjата и немањето образ беа својства на Мендух Тачи, но денеска и вие почнавте многу добро да ги научите, или па да ги извадите на виделина таквите својства.

11401375_609773235831261_3078950861297058279_n-540x360

Американскиот Амбасадор и сите западни амбасадори и ако поканети не присуствувале на ифтарот организиран од Реџепи, го бојкотирале, и на таков начин му дале сигнал дека тој е  само еднa криминогена личност и не може понатаму да ги преставува интересите на муслиманите во Македонија, туку може да ги преставува само интересите на криминалните банди и групаци. Али Ахмети и вие раководители на ДУИ, треба да знаете дека ја изгубивте довербата кај искрените луѓе и искрени активисти на ДУИ, почнавте да ги собирате околу вас сите отпадоци, криминални, и нечесни луѓе. Со вакви нечесни потези и активности не терате да бегаме од ДУИ и веќе да немаме ништо заедничко со ДУИ – пишува во соопштението на огранокот на владеачката патија од Гостивар.

Извор: балкан њуз и Шкип медиа

Слични содржини