Почетна / Актуелно / (ВИДЕО) Заев во Ватикан: Еднаквост и единство е и нашиот пат и доаѓа тоа време!

(ВИДЕО) Заев во Ватикан: Еднаквост и единство е и нашиот пат и доаѓа тоа време!

Драго ни е што нашата сограѓанка, граѓанин на Р.Македонија, веќе е светица. Мајка Тереза – симбол на милосрдието, хуманоста, солидарноста претставува пример како треба да им се помага на луѓето без разлика на нивните различности, без разлика на какви било поделби, етнички и религиски, национални или слично.

Помагањето `не прави пред Бога почесни, подобри, а секако и на сите нас во душата ни е потопло. Верувам дека овој симбол на хуманоста, на солидарноста, на милосрдието којшто е предзнак на светицата Мајка Тереза, ќе `не следи сите нас, исправени пред многу важни моменти во Р.Македонија.

Испраќаме порака на обединување, на меѓусебно помагање, помагање на сите заедно без разлика кој на која вера припаѓа, на која етничка припадност или без разлика дали е сиромашен, богат…

Прекрасен ден за Р.Македонија, верувам дека духот и делото на мајка Тереза ќе го следиме сите.

loading...