Видео: Запознајте го Матео Матоски – Боки од ТВ серијата „Зоки Поки“

од Берта Китинска

Почнувајќи од 4 мај, во 20:15 часот на првата програма на МРТ, серијата ќе се емитува секој понеделник и четврток, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето, епизодите ќе бидат достапни за гледање и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал.

Во меѓувреме, се запознаваме со актерот Матео Матоски, односно Боки од дружината на Зоки Поки. Матео е петто одделение во ООУ „Петар Поп Арсов“ во Скопје, тренира ракомет, слуша рап, игра „Фортнајт“ и обожава да јаде!

Низ серија прашања и одговори, во кратко видео, Матео ја раскажува приказната за тоа како „Зоки Поки“ му станала омилената книга, открива за кого навива, кога бира да се игра надвор, а кога дома, како му се вика симпатијата, каде сака да оди на одмор, што сака да биде кога ќе порасне и уште неколку забавни детали.

 

Слични содржини