Видео: Запознајте ја Анастасија Аневска – Лидија од ТВ серијата „Зоки Поки“

од Берта Китинска

Почнувајќи од 4 мај, ТВ серијата „Зоки Поки“ ќе се емитува секој понеделник и четврток во 20:15 часот на првата програма на МРТ, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал.

Додека го чекаме почетокот на емитувањето, се запознаваме со слатката и талентирана Анастасија Аневска, која ја толкува улогата на Лидија.

Анастасија е шесто одделение во ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје и обожава да гледа филмови и театарски претстави. Надвор од училиште, Анастасија ја истражува глумата во драмското студио „Детски Свет“, синхронизира цртани филмови и серии и настапува во две претстави во Драмски театар.

Во видеото со прашања и одговори подготвено од тимот на „Зоки Поки“, Анастасија открива кои ѝ се омилените предмети во школо, дали повеќе сака фудбал или кошарка, дали има симпатија, што сѐ претставува љубовта за неа, која ѝ е омилената суперхероина и зошто бира куче наспроти маче. Исто така, Анастасија споделува книга, филм и серија кои ѝ оставиле најмногу впечаток, а особено е интересно кој филм го одбира.

Слични содржини