ВИДЕО: Зеленски на бојното поле кај Бахмут

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, ги посети војниците на линијата на фронтот, во предградието Бахмут, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

Како што се наведува, за време на посетата Зеленски слушнал „извештаи за оперативната ситуација и текот на непријателствата на линијата на фронтот“.

Зеленски се сретна со украинските војници и оддаде едноминутно молчење во спомен на загинатите во војната.

„За мене е чест што сум денеска овде, на истокот на нашата земја, во Донбас, да ги наградиме нашите херои, да ви се заблагодарам, да се ракувам. Ви благодариме што ја заштитивте земјата, суверенитетот, истокот на Украина“, рече Зеленски.

Андриј Јермак, шеф на канцеларијата на украинското претседателство, на Твитер напиша дека заедно со претседателот Зеленски ги посетил позициите на фронтот во Бахмут.

Слични содржини