(ВИДЕО) Жители на Стајковци револтирани пред премиерот: Не ни требаат парадирања со машни

од Vladimir Zorba

Дел од граѓаните на Стајковци својот гнев од калта која три дена веќе ја собираат од своите домови, го насочија кон премиерот Емил Димитриев, кој денеска го посети селото, објави НОВА.

Граѓаните кои живеат во понепроодни места и каде улиците се неасфалтирани, поминуваат само со трактори или други теренски возила. Тие велат не им се потребни “парадирања со машни пред камера“ на надлежните, туку физичка рака која ќе им помогне да ги исчистат водата и калта кои им ги растуриле домовите по невремето.

Видео – НОВА

Слични содржини