(ВИДЕО) Зошто не треба да палите цигара додека полните гориво?

од Nikola Popovski

Еден Русин на потешкиот начин научил дека пушењето е штетно за здравјето.

Снимката од надзорната камера од бензинска пумпа во Челјабинск, Русија покажува како возачот на втората генерација на „Renault Logan“ решил да запали цигара додека полнел гориво. Последиците биле очекувани, бидејќи очигледно заборавил дека пареите од бензинот се лесно запаливи.

Неверојатната несреќа се случила на 23 јули, а сега осамна и на социјалните мрежи. За среќа, можеше да заврши многу полошо. На снимката се гледа како човек полева гориво и во еден момент посегнува по запалка за да запали цигара, пренесува Јутарњи лист.

Пареата од бензин веднаш се претвориле во пламен, а работата да биде уште полоша, Русинот кога видел дека „ѓаволот ја земал шегата“, го извадил „пиштолот од резервоарот“ поради што дополнителен бензин се излеал и пламенот се разгорел.

Сепак, овој потег му овозможи да скокне во автомобилот и да отиде на побезбедно место. Веднаш потоа се вратил на „пумпата“, го земал противпожарниот апарат и спречил поголема катастрофа.

Локалните медиуми посочуваат дека мажот во несреќата се здобил со тешки изгореници на нозете и моментално се опоравува во болница по трансплантација на кожа, но неговиот живот не е во опасност.

Слични содржини