(ВИДЕО+ФОТО) Полицијата го пренасочи сообраќајот од крстосниците за кои се најави дека ќе бидат блокирани

од Vladimir Zorba

blokirana rasksrnica

Шарената револуција денеска блокираше повеќе крстосници низ Скопје што е дел од нивниот изменет начин на протесирање и изразување на револт за состојбата во земјава. Блокирани се повеќе крстосници во Скопје.

Раскрсницата кај Црвен крст е блокирана, а исто така и кај Соборниот храм, како и кај трговскиот центар Мавровка, односно кај Судските палати.


Шарената револуција, прво ги почна блокадите со запирање на раскрсницата кај Министерство за економија, а потоа се прошири начинот на изразување на револтот

„Ние живееме во блокирана држава, со блокиран пристап до правда, со блокирани и партизирани институции, велат демонстрантите, според нив преку блокади на булеварите ќе се покаже како, всушност, изгледа со години нашaта земја.

Тие велат дека оваа власт реагира единствено на силен притисок и на гласни граѓани. Од движењата ги повикаат граѓаните да бидат трпеливи и да се приклучат кон блокадата.

Слични содржини