(ВИДЕО+ФОТО) Заврши протестот во Скопје: „Шутка не ти бега Никола“ – основната порака на граѓаните пред домот каде живее Груевски

од Vladimir Zorba
116 прегледи

 

oboen

Протестот на Шарената револуција во Скопје заврши, пред зградата каде што живее лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Граѓаните, со запалени факели извикуваа „Шутка не ти бега Никола“. Полицијата ја имаше блокирано улицата кај зградата. Демонстрантите стоеја на раскрсницата.Истовремено, пред домот на Груевски се пуштаа прислушуваните материјали.

Притоа, демонстрантите обоија и голем портрет со неговиот лик. Претходно, беше обоена зградата на Пазарната инспекција. Денеска протестот беше посветен на казнената политика.

– Деновиве сме сведоци на инспекции врз ресторани и кафулиња, уништување имот на невладини организации и приватен имот, вербални и физички напади врз соборци и граѓани. Но, повторно и повторно порачуваме: „Тоа нема да не спречи да ја бараме слободата!“ Веќе доволно пати сме биле сведоци на вакви притисоци и заплашување – нема да ви поминат. Ќе останеме солидарни со сите наши соборци и граѓани кои најдемократски бараат нормален живот без страв и уцени. Остануваме на улица се до подобра Македонија. И гласно покажуваме: Газиме врз стравот! – порачуваат денеска демонстрантите./извор а1он и Мета

13214758_10207953305763274_629278109_o

13224332_10207953300643146_1572910854_o

 

13199188_10207953300203135_1885936259_o

Слични содржини