Видеото на Џејмс Корден и Џастин Бибер ги шокираше фановите

Обожавателите на популарната емисиј „Carpool Karaoke“ со Џејмс Корден беа огорчени кога сфатиле дека водителот воопшто не вози, откако вчера на Твитер се појави видео од снимањето на шоуто во Лос Анџелес во средата.

Корден и Бибер го снимаа најновото издание на Carpool Karaoke за новата епизода на The Late Late Show, а видеото од снимањето изнанади многумина. Имено, Корден бил зад воланот во својот црн Рејнџ Ровер, а бил влечен од страна на камион.

„Ги видов Џејмс Корден и Џастин Ббиер како снимаат Carpool Karaoke и поради тоа имам проблеми со довербата, тој воопшто не вози!“, напишал корисник на Твитер, споделувајќи го видеото.

Слични содржини