Виена првиот град во ЕУ кој започнува да вакцинира бремени жени

од Stefanija Kuzmanovska

Откако австрискиот национален штаб за вакцинација на коронавирус ги вклучи бремените жени во приоритетната група на крајот на април, градот Виена веднаш реагираше и најави почеток на вакцинација на идните мајки кон средината на мај на иницијатива на Здружението за здравство во Виена.

Со ова Виена стана прв град во Европската унија кој ја отвори можноста за бремените жени да се вакцинираат против КОВИД 19, рече советникот за здравство во Виена, Питер Хакер.

Како што тој истакна, подготовките и апликациите се веќе во тек. Додаде дека посебна категорија за регистрација на бремени жени исто така е воведена на веб-страницата на градската служба за вакцинација (impfservice.wien).

Како што е наведено во најавата за планот за вакцинација за бремени жени, а во моментов има околу 12.000 од нив во Виена, во случај на голем број апликации, приоритет ќе имаат оние во висок степен на бременост. Градот Виена објави дека има намера да им понуди на бремените жени повеќе време да донесат одлука, со претходни стручни совети во кои ќе бидат вклучени поголем број гинеколози.

Слични содржини