Викендов во Скопје 16 сообраќајки, едно лице потешко повредено

од Vladimir Zorba

Седумнаесет лица се полесно и едно е потешко повредено во вкупно 16 сообраќајни несреќи што се случиле викендов во Скопје. Од нив шест сообраќајки биле со материјална штета.

Како што соопшти СВР Скопје, сообраќајната полиција санкционирала 134 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај исклучила вкупно 113 возачи, од кои 52 управувале возило под дејство на алкохол. Педесет возачи возеле пред да се стекнат со право на управување моторно возило и биле казнети десет возачи почетници.

Од сообраќај се исклучени 33 возила со истечена важност на сообраќајната дозвола, 395 автомобили биле непрописно паркирани, а со пајак се подигнати 12 возила.

Слични содржини