Викендов во сообраќајки во Скопје 12 лица се полесно повредени

од Stefanija Kuzmanovska

Вкупно 21 сообраќајна несреќа се случила во текот на викендот на територијата на Град Скопје. Во девет од нив 12 лица се здобиле со лесни телесни повреди.

Според СВР Скопје, во истиот период со пајак се подигнати 96 возила поради непрописно паркирање, а девет возачи се исклучени од сообраќај. Од нив осум се исклучени поради тоа што управувале со возило иако сé уште немале право на тоа. Исклучени од сообраќај се и десет возила поради тоа што не биле регистрирани.

Санкционирани се  шест возачи кои поминале на раскрсница на црвено светло,  и двајца кои не дале предност на минување на пешаци на пешачки премин.

Слични содржини