Викиликс: Асанж е политички затвореник, загрозено е новинарството

од Nikola Popovski

Уредникот на Викиликс, Кристин Храфнсон, рече дека случајот со екстрадицијата на Џулијан Асанж во САД е „исклучително политички процес“, што претставува „голема опасност за иднината на новинарството“, објави Анадолија.

На конференцијата организирана од новинската организација ФПА, тој рече дека основачот на Викиликс е „политички затвореник“.

„Ова е исклучително политички случај. Исто така, тоа беше политички случај во 2010 година, кога американската влада сакаше да го собори Викиликс. Исто така,  беше политички процес кога луѓето бараа убиство на Асанж“, рече Храфнсон.

Тој додаде дека неговите обвинувања за политички монтиран судски процес против Асанж се потврдени преку поранешниот шеф на Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) и сегашниот министер за надворешни работи на САД, Мајк Помпео, кој ја обвинува Викиликс за „невладино непријателска разузнавачка служба“.

Слични содржини