Викиликс: Јамајка еднаш веќе одби да го признае Косово

од Nikola Popovski

Во 2009 година, владата на Јамајка го отфрли барањето на САД за признавање на Косово, кое една година претходно, прогласи независност од Србија.

Американската дипломатска телеграма од 2009 година, до која дојде „Викиликс“, покажува дека Јамајка дури и тогаш одбила да ја признае независноста на Косово.

Во документот се наведува дека службеник за прашања во амбасадата на САД во Јамајка ја убедувал јамајканската влада да ја признае независноста на Косово за време на состанокот со министерот за надворешни работи на земјата. Претставничка на Министерството изјави дека не очекува промена во одлуката на владата на Јамајка да не продолжи со официјалното дипломатско признавање на Косово.

Таа изјави дека владата на Јамајка не се спротивставила на членството на Косово во Светската банка, како и дека неодамнешното признавање на незавиноста на Косово од Доминиканската Република не создало консензус по ова прашање меѓу земјите од Карибите, според јамајканската веб-страница Глејнер.

Таа исто така додаде дека ставот на Јамајканската влада е дека отцепувањето на која било територија треба да се реши со меѓусебна согласност на инволвираните страни.

Слични содржини