Викинзите стигнале на американско тло многу векови пред Колумбо (ВИДЕО)

од Milan1

Викинзите изградиле населба на северноамериканско тло пред точно 1.000 години, неколку века пред да пристигне италијанскиот морепловец и истражувач Кристофер Колумбо во овој дел од светот, покажува најновото истражување.

Нова техника, која ја одредува староста со броење на годините на дрво, докажа дека Викинзите стигнале до местото Њуфаундленд, Канада, во 1021 година.

Одамна е познато дека Европејците стигнале до Америка пред Колумбо да отпатува во Новиот свет во 1492 година. Меѓутоа, сега за прв пат некој излезе со точен датум.

Научниците ги анализирале прстените на три парчиња дрво од викиншка населба во градот Ленс о Медоус.

Преку атмосферски радиојаглероден сигнал генериран од сончева бура за која точно се знае кога се случила, научниците успеале да одредат „точната година кога дрвото било исечено“, а тоа се случило во 1021 година. Ова им помогнало да ја одредат годината на изградба на кампот, за кој претходно се верувало дека настанал околу 1000 година.

„Детално истражување на канадските паркови претходеше на поврзувањето на овие објекти со древните народи на северот“, се вели во студијата.

Студијата, исто така, покажува дека кампот во Ленс о Медоус бил база од која Викинзите истражувале други места, како што се регионите јужно од оваа точка.

Ова откритие е важна основа за идните истражувања за првичните последици од патувањето преку Атлантикот, како што се пренесување на знаење и потенцијално вкрстување на гените и болестите.

Местот Ленс о Медоус на самиот север на островот Њуфаундленд е првата и досега единствената откриена викиншка населба во Северна Америка, но и најстариот доказ за освојувањето на Новиот свет од Европејците.

Слични содржини