Викторија Бекам: Еве ви слика од мојот речиси гол сопруг и нема на што!

од Vladimir Zorba

Викторија Бекам можеби не споделува свои провокативни фотографии на Инстаграм, но им подари задоволство на милиони жени ширум светот.

Имено, славната дизајнерка објави фотографија од својот речиси гол сопруг Дејвид Бекам на својот профил, додека лежи во базен со спуштени шорцеви.

– Среќна недела, нема на што – напиша Викторија, истакнувајќи дека таа е автор на фотографијата.

Следуваа „жешки“ коментари.

„Каква жена, така се прави“, „Вака се задржува маж, го делиш барем малку со другите, хахаха“, „Жешка недела, благодарам Вик“, „Овој човек не старее“, се некои од многуте реакции.

Слични содржини