Викторија Бекам открива КОЈА БОЈА ЌЕ БИДЕ ХИТ оваа сезона

од Stefanija Kuzmanovska

Викторија Бекам, една од најпознатите дизајнерки во светот, негува класичен стил, елеганција и oдмереност.

Облеката која ја создава изобилува со овие епитети. Врз основа на нејзината нова колекција, можеме да видиме што ќе носиме на пролет, со поубавото време.

На ревијата гледаме модели облечени во жолто од глава до пети.

– Жолтата е бојата на сезоната, нијанси на банана и мед – напиша Викторија под новото видео на својот Инстаграм профил.

Широките панталони за кои цело време зборуваме остануваат главен пролетен тренд. Многу жени со нетрпение го очекуваат тоа бидејќи конечно е во прашање удобноста. Моделот на Викторија носи подолга јакна во слична жолта нијанса и обична ролка со овие панталони.

Ни се чини дека сите можеме да најдеме нешто слично во нашите плакари, не изгледа тешко да се комбинира.

Слични содржини