253
Викторија Бекам не се откажува од имиџот на „ледената кралица“, но овој пат ја покажа својата насмевка.
Сопругата на поранешниот професионален фудбалер Дејвид Бекам (45), Викторија Бекам (46) ретко се смее во јавноста, а овој пат таа покажа совршена насмевка, која ја криеше со години, на фотографијата со својот син.
Имено, нејзиниот син Круз на својот Инстаграм профил објави фотографија на која му прави друштво неговата мајка Викторија, а во која таа се насмевнува и ги покажува совршено рамните и неверојатно бели заби, а таа фотографија собра над 150.000 лајкови.
„Очигледно е дека мајка ми сепак се смее“, напиша 15-годишниот Круз во описот на фотографијата.