Викторија и Дејвид Бекам на суд со жена која тврди дека е мајка на нивната ќерка

од Stefanija Kuzmanovska

Викторија и Дејвид Бекам наскоро ќе се најдат на суд со Шерон Бел, која ја обвини познатата двојка дека ѝ ги украла јајце клетките, со кои е зачната нивната наследничка Харпер Севен.

Бекамови поднеле тужба против Шерон за вознемирување бидејќи таа им праќала писма, доаѓала пред нивната врата и ја чекала Харпер пред училиштето после часовите за да разговара со неа.

Би-би-си пренесува дека Дејвид се чувствува вознемирен и „стравува за безбедноста на своето семејство“, особено поради фактот што Бел дошла на нивната адреса и се обидела да влезе во куќата со „лажно уверување“ дека таа е сопруга на Бекам.

На рочиштето Бел кажала дека не се чувствува виновна, а судењето ќе се одржи во јули оваа година.

Бел живее во лажно верување дека е во врска со Дејвид Бекам, дека тој ѝ ги украл јајце келтките и дека Харпер Бекам е нејзино дете и затоа ја чекала Харпер пред училиштето на 18 ноември 2021 година, навел обвинителката.

„Дејвид Бекам стравува за безбедноста на своето семејство и верува дека нејзиното однесување имало за цел да го исплаши неговото семејство. Тој тврди дека не ја познава обвинетата и дека таа не е мајка на неговото дете“, додала таа.

Судијата рече дека тоа е „бизарно тврдење дека јајце келтките на г-ѓа Бел биле украдени и дека тоа дете е нејзино дете“.

„Не мора да се биде експерт по биологија за да може веднаш да се утврди дека станува збор за заблуда“, изјавил судијата.

Слични содржини