Вил Смит ја почасти неверната сопруга со луксузно патување

од Stefanija Kuzmanovska

Вил Смит и неговата сопруга Џејда Пинкет се во центарот на вниманието на светот, откако таа призна дека имала афера со 20 години помладиот Август Алсин.

Сепак, се чини дека сопружниците се согласуваат подобро од кога и да било, а аферата, која неодамна ја откри самиот Алсин како гостин на една емисија, се случила пред четири и пол години.

За да го избегнат скандалот што го тресе Холивуд, Вил, неговата сопруга и ќерката Вило решија да отпатуваат на Бахамите. Престојуваа во луксузното одморалиште на Албани, каде што една ноќ чини над три илјади долари, дознава Page Six.

Откако Џејда го призна нејзиното неверство во бракот, почнаа да кружат гласини дека Вил бил со колешката Маргот Роби.

Слични содржини