Вилас-Боас: Не сакам пари, само сакам да си заминам

од Stefanija Kuzmanovska

Андре Вилас-Боас ја шокираше француската јавност на прес-конференција кога објави дека се повлекува од функцијата тренер на Марсеј.

Причината е доведувањето на Оливие Нтчам од Селтик. Вилас-Боас рече дека не му бил потребен Нтчам, но сепак клубот го донесе на позајмица.

„Поднесов оставка затоа што не се согласувам со спортската политика. Не сакам ништо од Марсеј. Не сакам пари. Ништо“, рече португалскиот тренер.

„Го чекам одговорот на клубот, па ќе видиме. Не сакам пари, само сакам да си заминам. Ми донесоа играч за кој реков НЕ!“, додаде Вилас-Боас.

Португалецот пристигна во Марсеј во 2019 година. Пред тоа, тој беше тренер на Академика, Порто, Челси, Тотенхем, Зенит и Шангај СИПГ.

Неколку часа по ова соопштение за јавноста беше објавено дека Вилас-Боас е поранешен тренер на Марсеј.

Слични содржини