Вилијам и Хари се смирија и си разменија Божиќни подароци

од Stefanija Kuzmanovska

Принцовите Вилијам и Хари разменија Божиќни подароци и потпишаа „примирје“, пренесува „Мирор“. Кралски биограф тврди дека двајцата браќа одржуваат контакт, и покрај гласините за напнатост меѓу нив. Хари и Меган испратија подароци до Вилијам и неговото семејство откако пазареа во близина на нивниот дом во Санта Барбара, Калифорнија.

Кралскиот писател Ендру Мортон тврди дека Меган им напишала лични пораки на принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис. Војводите од Кембриџ го вратија гестот и им испратија подароци на Хари, Меган и нивниот син Арчи.

Во интервју за телевизијата „True Royalty“, кралската експертка Кети Никол претходно изјави: „Мислам дека не е тајна дека има сериозна напнатост меѓу двајцата браќа. Претходно, нивната врска беше неразделна и тие беа крајно блиски. Мислам дека нивната врска никогаш нема да биде иста како што беше пред „Meгзит“. Знам дека се во контакт, зборуваат. Хари им испрати многу новогодишни подароци на своите внуци“.

Војводите од Сасекс ја напуштија Велика Британија во пролетта и се населија во Калифорнија.

Слични содржини