Вилма Рускоска и мене во едно време не ми се допаѓаше

од desk4

Премиерот Зоран Заев  на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање кажа дека и нему во минатото не му се допаѓала обвинителката Вилма Рускоска.

Одговарајќи на  прашање зошто ја предложил Рускоска за шефица на новото Обвинителство за организиран криминал и висока корупција. Заев рече дека тој не ја предложил за шефица, туку само кажал кој во моментов е на чело на Обвинителството за организиран криминал и корупција, кон кое треба да  се припои Специјалното јавно обвинителство со предложениот Закон за Јавно обвинителство. Тоа меѓу другото беше и барање и на опозицијата вели Заев.

„Јас само кажав во моментов кој го води тоа обвинителство и има мандат. Не ја предложив јас Вилма Рускоска за шеф. Не ми се допаѓаше и мене Вилма Рускоска во едно време, пред едно 5-7-9 години, но кој ме прашува мене. Обвинителите ги бира Советот на обвинители, нека си конкурираат таму“, кажа Заев на денешната прес-конференција за акцискиот план на Владата за борба против дезинформациите.

Слични содржини