Вини Џонс низ солзи го откри писмото со последна порака од починатата сопруга

од desk4

Поранешниот фудбалер и актер, низ солзи го откри последното љубовно писмо кое му го испратила сопругата пред да почине на 53 годишна возраст.


Каде и да оди Вини Џонс со себе носи една бела честитка на којана предната страна пишува: „Секогаш верувај дека нешто убаво ќе се случи“, а внатре е последното нејзино љубовно писмо до него, напишано во последните денови пред да ја загуби битката со ракот. Актерот откри дека бил комплетно скршен кога го прочитал, и секогаш го носи со себе, бидејќи така има чувство дека Тања е со него.
Тања писмото го напишала во јули, додека полека ја губела битката со болеста, за да му даде сила на Вини во деновите по нејзиното заминување во вечноста.
– Писмото ми го остави заедно со нејзините дневници. Внатре има напишано „За мојата љубов Вин, нешто убаво ми се случува секој ден. А тоа си ти. Ти си моето утринско изгрејсонце, секој ден кога ќе се разбудам. Сета моја љубов. Тања“. Кога го прочитав се скршив на парчиња, бидејќи и јас ја сакав многу – низ солзи раскажува актерот и додава дека ги брои деновите кога повторно ќе се сретне со нејзе во вечноста.
Тања ја изгуби шест годишната битката со меланомот кој ѝ беше дијагностициран во 2013 година, а минатата година ѝ се прошири на мозокот.
Вини и Тања се запознале како деца во родниот град Вотфорд. Тања пред Вини беше во брак со фудбалерот Стив Тери и отсекогаш имала здравствени проблеми. За малку ќе умрела при породување со ќерката Кејли, која подоцна Вини ја посвои, и мораше да оди на итна операција за трансплантација на срцето.
Кога Вини решил да ја запроси од нејзиниот татко, тој го „предупредил“ за кревкото здравје на Тања, но актерот не се откажал туку ветил дека ќе се грижи за нејзе и секогаш ќе ја сака без разлика на сè.

Слични содржини