Виното може да дебелее повеќе од хамбургер

од Nikola Popovski

Две чаши одредени видови вино може да содржат повеќе шеќер од препорачаната дневна доза, а може да имаат и повеќе калории од еден хамбургер, предупредуваат експертите.

Одредени видови вина не е соодветно назначено колку шеќер и калории содржат, објави Британската алијанса за алкохол и здравје (АХА) во својата најнова анализа.

Тие анализирале 30 видови вино, а повеќето од нив не прецизирале точно колку шеќер и калории содржат, пренесува „Гардијан“.

Препорачаната дневна доза за внес на шеќер е 30 грама за возрасни, а кај некои видови вино само во две чаши, се наведува во анализите.

АХА предупредува дека утврдиле највисоко ниво на шеќер во вината кои имаат пониско ниво на алкохол, што може да ги доведе во заблуда потрошувачите, бидејќи тие ги избираат како поздрави.

Од друга страна, нивото на калории било повисоко кај појаките вина, а само две чаши од одредени видови имале поголема калорична вредност од хамбургер од Мекдоналдс.

Само 20 отсто од виното што се продаваат има одредена калориска вредност, додека количината на шеќер е задолжителна само за безалкохолните пијалоци, но не и за алкохолот, наведува АХА.

Професорот Јан Гилмор, претседател на АХА, повика да се сменат ваквите прописи и да се означи нивото на шеќер и на алкохолните пијалоци, бидејќи тоа е „поврзано со дебелината и седум видови на рак“.

АХА побара на етикетите на алкохолните пијалоци да се наведат и други здравствени ризици поврзани со нивното конзумирање.

Слични содржини