Винсан Касел ја преболе Моника Белучи

од Vladimir Zorba

Винсан Касел беше 13 години в брак со, според многумина, најубавата жена на светот – Италијанката Моника Белучи. Со неа имаат две ќерки, но во 2013 година се разведоа. Во едно скорешно интервју, тој зборуваше за тоа – како ја преболел.

Впрочем, тоа за него минало многу безболно. – Некогаш страдав многу повеќе. Знаете, некогаш морате да страдате за да направите нешто интересно, нагласи глумецот.

– Животот и онака е тежок за да бараме уште страдања. Се трудам да уживам во она што го работам оти така и најдобро се запознаваме себеси – кога се забавуваме, додава тој.

Винсан сега очекува бебе со неговата втора сопруга – 30 години помладата манекенка Тина Кунаки.

– Моите соништа се многу едноставни… Здравје, деца – барем 10 и доволно пари за да бидам слободен, оти на крај сѐ се сведува на слободата, истакна актерот.

Слични содржини