Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дaјк се уште не е сигурен дали ќе остане во клубот и по оваа сезона.
Репрезентативецот на Холандија е еден од тројцата клучни играчи во тимот заедно со Мохамед Салах и Трент Александер-Арнолд, чиј актуелен договор истекува во јуни.
Преговорите траат подолго време и 33-годишниот фудбалер сака да го продолжи престојот, но нема напредок околу финализирањето на новиот договор.
„Се уште немам идеја во моментов. Навистина“, изјави централниот бек по излегувањето на Ливерпул од Лигата на шампионите во Пари Сен Жермен на пенали.
„Во моментов не ни знам што ќе се случи следната година. Ако некој каже дека знае, ве лаже. Сите знаат дека има некои разговори, но тоа е тоа“, додаде дефанзивецот.
„Остануваат уште 10 натпревари и тоа е мојот целосен фокус. Ако има новости, ќе ги знаете. Дури и јас самиот не знам“, додаде тој.