Виртуелна IQOS зона: Сѐ што ви треба, само со еден клик

од Vladimir Zorba

Безбедно, брзо, прилагодливо, лесно, во било кое време, од било кое место. Сѐ ова е синоним за онлајн купување. Кај нас иако сѐ уште се доста застапени навиките за набавување на потребните или посакуваните нешта од самите продавници, делумно поради природната промена на потрошувачките навики и трендови, делумно принудени од ситуацијата со пандемијата, бројот на корисници на онлајн продавниците е зголемен. Зголемен е и бројот на онлајн продавници, како и на страници и брендови кои нудат онлајн нарачки и услуги.

Истражувањата предвидуваат дека до 2023 година, електронската трговија ќе сочинува 22% од глобалната продажба на мало. Оваа бројка се очекува да порасне бидејќи најновите технолошки достигнувања го прават онлајн искуството нешто на кое е тешко да се одолее и го прават онлајн шопингот попогоден од кога било. Неодамнешниот напредок во светот на е-трговијата веќе ги исфрла традиционалните онлајн продавници и ги заменува со феноменот наречен виртуелната продавница: високотехнолошки, дигитален одговор на личното искуство што го уживаат потрошувачите на физичките локации за малопродажба.

Соочени со предизвиците на пандемијата, водени од желбата за достојна презентација на еден долго очекуван, иновативен производ, се „роди“ и виртуелна продавница која ви ги нуди сите дополнителни услуги како и самото купување со физичко присуство, по најсовремени стандарди, според денешните трендови – https://mk.iqos.com/mk/novosti/26-dobredojdovte-vo-virtuelnata-iqos-zona . IQOS уредите, кои претставуваат подобар избор за пушачите и воедно побезбедна алтернатива, се достапни од мај минатата година на македонскиот пазар. Имено, КОВИД-19 ситуацијата наложи првичното претставувањето на овие уреди кај нас да оди директно и исклучиво онлајн, потоа беа отворени и IQOS зоните и сега, единствена можност и искуство преку новата виртуелна IQOS зона.

Онлајн шопингот, како и голем број други нешта од секојдневниот живот, исто така претрпе големи промени во периодот по појавата на пандемијата. Желбите на потрошувачите кога станува збор за корисничкото искуство при онлајн купувањето покажуваат дека, покрај постојната желба за квалитетна услуга, модерните потрошувачки потреби за зголемена персонализација и желбата за што послично онлајн искуство, споредбено со она во продавниците, се движат во нагорна линија. Модерниот онлајн потрошувач очекува да добие лично советување од шопинг асистент, посветен само нему како и посебно селектиран избор на понуди соодветен на неговите желби и можности. Но, не секогаш и секаде се достапни предностите на купувањето со физичко присуство како можност за консултација, поставување на прашања или корисничка поддршка. За среќа, тоа не е случајот со виртуелната IQOS зона. Новата виртуелна IQOS зона ги задоволува сите желби и потреби на онлајн потрошувачите во склад со препознаените нови трендови.

Откажувањето од цигари е најдобрата опција за намалување на штетните ефекти предизвикани од оваа навика, но доколку спаѓате во онаа категорија која не може или не сака да се откаже, преминувањето на алтернатива која го намалува ризикот и докажано ја намалува изложеноста на штетни и потенцијално штетни материи, е вистински избор за промена кон вашата иднина без чад.

Слични содржини