Вирусологот Ана Глигиќ прогнозира: Еве кога Србија ќе ја заузда епидемијата

од Stefanija Kuzmanovska

Борбата против короната во Србија трае повеќе од една година, а прашањето на кое со нетрпение се очекува одговорот е: кога ќе заврши епидемијата.

Епидемиологот Ана Глигиќ верува дека во Србија епидемијата ќе биде зауздана за еден или два месеца.

Во изјава за „Новости“ таа вели дека опфатот со имунизација во Србија е зголемен, а има многу повеќе заразени лица кои „создаваат“ колективен имунитет.

– Во напливот, имавме околу 7.000 заразени луѓе за 10 дена, тоа се вкупно 70.000 кои стекнаа имунитет само во тој бран и секако имаат подобра мемориска заштита и антитела отколку што може да се добијат со која било вакцина – вели д-р Глигиќ.

– Може да се појави нова мутација, но ако вакцинацијата го запре ширењето на инфекцијата, тогаш шансите за пренесување се помали, бидејќи вирусот се менува со преминување од еден „домаќин“ на друг- додава таа.

Слични содржини