Вирусот го доведува во прашање опстанокот на Европската унија

од Stefanija Kuzmanovska

Европската унија ќе се соочи со прашањето за опстанок доколку од кризата со коронавирусот не излезе обединета, рече францускиот државен секретар за европски прашања Амели де Моншалан.

„Апсолутно мора да се подготвиме за изез од кризата и закрепнување, да се подготвиме за периодот по кризата и да покажеме дека сме ефикасни затоа што ќе бидеме заедно“, рече таа, пренесува Бета.

Поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор, предупреди претходно дека недостатокот на солидарност ќе биде смртоносна закана за ЕУ.

„Денес, ние стоиме заедно благодарение на солидарноста“, рече Моншалан, потсетувајќи се на мерките донесени од ЕУ за борба против здравствената криза и нејзините ефекти врз економијата.

„Европската централна банка [ЕЦБ] започна невидена програма за поддршка од 750 милијарди евра за земјите. Ние ги укинавме правилата на Пактот за стабилност за дефицитот, што е невидено“, рече таа, потсетувајќи се на планот од 40 милијарди на Европската комисија. .

Моншалан рече дека сега се размислува што да се направи после кризата.

„Не можеме да се изземеме од оваа солидарност … Ако некои мислат дека можат да бидат ослободени, тоа ќе има големи последици за европскиот проект“, додаде таа.

„Нашата Европа е Европа на дејствување, на солидарност. Ако некои не го сакаат тоа, се поставува прашањето за нивното место, што треба да сторат 27 земји и ова е фундаментално, егзистенцијално прашање“, предупреди францускиот претставник.

Водачите на ЕУ се согласија во четвртокот, под притисок на Италија, која е во најлоша состојба поради пандемијата, за 15 дена да разгледаат посилни мерки за решавање на најавената рецесија.

Слични содржини