Вирусот коси, вчерашниот ден беше најтежок од почетокот на епидемијата

од Берта Китинска

Вчерашниот ден беше најтежок од почетокот на епидемијата, коронавирусот однесе 30 животи.

Надлежните смируваат, кревети има доволно, единствено во Градската Болница „8 Септември “ и болниците во Струмица и Куманово се исполнети капацитетите. Интерните клините во Скопје кои се пренаменети во Ковид центри и располагаат со околу 150 кревети го амортизираа напливот на пациенти кои мораа да се хоспитализираат.

„Засега нема потреба од воведување полициски час, рестриктивните мерки што се досега донесени се доволни, и ако се почитуваат ќе дадат резулат во следниот период. Нема потреба ниту од регионални карантини и прекин на меѓуградскиот и меѓуопштинскиот превоз. Во секој случај ја следиме ситуацијата и ако се наметне потреба тоа ќе биде една од опцииите“, објасни министерот за здравство Венко Филипче.

На почетокот на идната година, односно во јануари или февруари во Северна Македонија ќе ги добие првите вакцини против Ковид – 19 преку „Ковакс“ маханизмот. Во моментов две комапнии „Фејзер“ и „Астра Зенека“ се во напредна фаза на создавање на вакцината.

Досега битката со вирусот ја загубија 1.186 лица.

Во моментов активни се 15.116 случаи а најмногу има во Скопје – 7.307. Трицифрени бројки на заболени има во уште 19 града низ државата а во некои како Куманово, Тетово, Велес, Прилеп и Битола таа бројка изнесува над 500 заболени.

Слични содржини