Вирусот притиска, властите тврдат дека секој пациент има право на болничко лекување

од Берта Китинска

Вчерашниот биланс на 35  починати лица уште една  ја потврда  сериозноста на состојбата.

На социјалните мрежи постојано се објавуваат сведоштва со кои се соочуваат луѓето кои имаат потреба да се лекуваат. Некои од нив успеале да ги спасат навреме своите најмили и да им ја обезбедат неопходната медицинска грижа. Некои, пак, не успеваат во таа битка. Тврдењата на граѓаните се дека во некои болници им било речено оти креветите се чуваат за помлади пациенти.  Министерот за здравство Венко Филипче веднаш реагираше со тврдење дека секој пациент без разлика колку години е, има подеднакво право на болничка нега и третман. Н

Во декември можно е да ја имаме првата одобрена вакцина за Ковид-19

Државава ќе ја добие таа вакцина против Ковид-19, која прва ке биде регистрирана и одобрена преку Ковакс механизмот. Највите се дека може во декември да ја имаме првата одобрена вакцина за Ковид-19

Компанијата „Фајзер” веќе поднесе апликација за т.н итна постапка за одобрување на вакцината во Управата за храна и лекови (ФДА) во САД, а оваа процедура се очекува дека да ја користат и производителите „Модерна” и „АстраЗенека” за регистрација во Европската медицинска агенција.

Во моментов има околу 500 легла во ковид центрите во Скопје

-Во моментов околу 500 легла има во ковид центрите во Скопје, со план за дополнителни 100 кревети на Клиниката за уво, нос и грло, и на хируршките клиники. Дополнителни 100 кревети ќе се обезбедат и од страна на приватните болници. На работниот состанок со колегите од хируршките клиники и ковид центрите на интерните клиники разговаравме за реализација на новиот ковид оддел во склоп на ТОАРИЛУЦ. Тој ќе биде активиран ако за тоа има потреба, согласно епидемиолошката состојба во државата и бројот на пациенти кои бараат хоспитализација, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Армијата ќе им помага на луѓето

Според првиот човек на Главниот штаб, поддршка од Армијата е бидејќи и во редовите на полицијата и на војската има голем број заразени со коронавирусот.

-Припадниците на Армијата нема да бидат вооружени, нема да го плашиме народот. Туку, тие ќе бидат тука да им помогнат на граѓаните да не се создаваат гужви или евентуално да не се создаваат хаотична состојба за да им овозможиме на здравствените работници непречена работа. Армијата и полицијата ќе бидат сервис на здравствените работници кои што ќе овозможат тие да ја вршат својата примарна должност, а тоа е борба против ковидот, лекување на болните, појасни првиот човек на Главниот штаб и в.д. директор на Центарот за управуање со кризи, Стојанче Ангелов.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 55127, бројката на оздравени пациенти е 32894, на починати е 1546, а бројот на активни случаи изнесува 20687.

 

Слични содржини