Вирусот зема замав, ќе има ли нови коивд-мерки?

од Берта Китинска

Бројот на активни случаи надмина над 10.000 лица.

Над половина активни односно 6152 се во Скопје. Трицифрени бројки на заразени во моментов имаат уште 13 града, најмногу се во Битола, Охирд Прилеп…

Дали по зголемувањето на бројот на заразени ќе има нови мерки се очекува или утре или задутре Комисијата за заразни болести да одржи состанок на кој ќе се разговара за скратување на времето на деновите за изолација.

-Има размислувaња дека бројот на денови за изолација треба да се намали и jас се согласувам со тоа. Новиот сој омикорн има полесна клиничка слика и брзо се шири и веќе е присутен во земјава.Комисијата за заразни болести можно е да одржи состанок во понеделник или во текот на нделата па таму да бидат изнесени ставовите на епидемиолозите, имунолозите, микробиолозите и останатите стручни лица, изјава за „Локално“, д-р Виктор Исјановски.

Досега во земјата се направени вкупно 1.659.878 тестирањана Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 233.464,бројот на оздравени пациенти е 214.854, на починати е 8.032, а бројот на активни случаи изнесува 10.578.

Слични содржини