Вишото јавно обвинителство на Србија: Лечиќ повикан да даде изјава пред полицијата

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Бранислав Лечиќ е повикан во петок да даде изјава пред полицијата во врска со наводите на актерката Даниела Штајнфелд дека ја силувал во 2012 година, било кажано синоќа во Вишото јавно обвинителство, пренесе „Република.рс“.

Вишото јавно обвинителство, во соработка со полицијата, спроведува предистражна постапка во врска со наводите на Штајнфелд.

Портпаролката на обвинителството, Иванка Ракошевиќ, прецизираше дека Лешиќ бил повикан во полиција на информативен разговор.

Слични содржини