Висок функционер на ЛДП со поддршка за Шилегов: В година сите заедно да уживаме во новата Универзална сала

од Nikola Popovski

Филип Аврамчев, висок функционер на ЛДП и директор на Универзалната сала изрази поддршка во вториот круг за кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

-Заедно со Петре го започнавме процесот на реконструкција на Универзална сала со огромен број разговори со граѓаните и културните работници. Заедно стигнавме до финално решение. Токму поради овие дебати, како и одредени технички проблеми задоцнивме со почетокот на реконструкцијата. Поддршката за Петре значи веќе в година сите заедно да уживаме во новата Универзална сала!“, напиша Аврамчев и додава:

-Визијата за Град Скопје како модерна европска метропола останува главен приоритет, како и добивање на престижната титулата Скопје европска престолнина на културата во 2028.

Слични содржини