Висококатниците спроти „Холидеј Ин“ ќе бидат целосно еколошки и енергетско ефикасни

од Берта Китинска

Компанијата „МГ Фешн“ денеска го презентираше проектот на објектот кој е планиран да биде изграден на парцелата спроти Холидеј Ин.

-На оваа локација во центарот на градот предвидено е да се проектира модерен, целосно еколошки и енергетско ефикасен проект, изработен според највисоки еко стандарди и согласно сите законски прописи во земјата, велат од компанијата.

Денеска неколку граѓански невладини организации, професори, архитекти, инженери јавно го повикаа премиерот Зоран Заев за поддршка на суспензијата од Општина Центар за Деталниот урбанистички план ЦО8 (паркингот спроти х. „Холидеј Ин“), како и други ДУП-ови коишто не се усогласени со Генералниот урбанистички план.

„Постапката за изработка на нов детален урбанистички план за Градската четврт Ц08 Ново Маало 2 започна заедно со планската програма која е сржта на планот и на вредностите на кои тој ќе се базира. Но за жал, програмата беше прекината и треба да стартува одново и според новиот Закон за урбанистичко планирање, Планерите мора да ги испочитуваат тие насоки. Потсетуваме дека Деталниот урбанистички план – Голем Ринг јужен дел – исток (опфат меѓу улиците: ул. „Васил Аџиларски“, река Вардар, бул. „Кочо Рацин“ и ул. „Мирче Ацев“) за плански период 2012- 2017 беше ставен под т.н. „мораториум“, односно неизвршување, со стручно докажани бројни аргументи за прекршувања на параметрите од Генералниот урбанистички план на Град Скопје“, се наведува во јавниот повик.

 

Слични содржини