Вистината за трагично починатата Милица Kостиќ и песната од Чолиќ

од desk4

Во 1974 година поранешна Југославија ја потресе приказната за девојката Милица Костиќ која трагично почина откако скокнала од 11 кат од зградата, каде била заклучена во стан. Имено девојката од страна на едно момче, била намамена во станот со изговор дека треба да ја повика да излезе неговата девојка, бидејќи родителите ѝ се многу строги.


Милица која тогаш била средношколка во медицинското училиште, не ја претчувствувала опасноста и се согласила да му помогне. Но кога стасале таму биле уште две момчиња со намера да ја силуваат. Иако еден од нив инсиситрал да ја пуштат, бидејќи е малолетна, другите не се откажувале. Не сакајќи да попушти девојката скокнала од тераста. Но не починала на лице место туку подоцна во болница, откако им кажала на полицајците дека тоа го направила за да си ја одбрани честа.
Истата година Здравко Чолиќ во 1974 година ја испеа песната „Она спава“ која беше голем хит, а по текст на Велизар Шофранац и музика на Корнелије Ковач. Подоцна се појавија гласини дека песната ѝ посветена на трагично починатата Милица.
Оваа легенда и денес е актуелна, но не е точна.

ЧИТАОЦИМА* * * * * * * ЈАСМИНА ЖИВИЋ (девојачки КОСТИЋ), ћерка Миличиног рођеног брата Миломира;МИЛИЈА ВЕЉИЋ…

Публикувахте от Milica Kostic / Милица Костић в Петък, 1 януари 2016 г.

Имено на социјалната мрежа фејсбук семејството и пријателите на Милица, кои не сакаат да се заборави споменот на нејзе имаат отворено страница на која меѓу другото има и пост од 2016 година каде е напишано дека „Пред две години излезена е од печат книгата „Борба за достоинство“ посветена на нејзе и во која е раскажана вистината за нејзиниот живот и подвиг. По четири години сите кои ја сакаа и почитуваа Милица Костиќ, добија своја утеха. А нејзината личност достоен спомен“ .
Потоа следува објаснување дека дневниот печат почнал да пишува невистини за Милица, меѓу кои и непроверената и неточна крушевачка улична легенда дека познат пејач испеал песна посветена на нејзе, што потоа довело до вовлекување на нејзиното име во дневно – политички приказни.
Во текстот семејството наведува дека нема да дозволат името на Милица да се валка за таква цел и дека ќе се борат да успеат во намерата во Крушевац една улица да го носи нејзиното име.

Слични содржини