Вистинско пријателство: Ова е доказ дека Бен Афлек и Мет Дејмон имаат безрезервна доверба еден во друг

од Stefanija Kuzmanovska

Актерите Бен Афлек и Мет Дејмон открија дека делеле банкарска сметка во доцните 80-ти, кога биле тинејџери.

Двајцата откриле дека сметката ја полнеле со пари од улогите и ја користеле за аудиции и играње игри. Во тоа време тие биле цимери и на секој начин си помагале да успеат во актерската кариера.

„Сакавме да бидеме тука еден за друг. Тоа беше во стилот: Нема да бидеш сам. Нема да бидам сам. Ајде да го направиме ова заедно“, откри Афлек за време на појавувањето на подкастот „The Bill Simmons“.

Дејмон додаде дека одлуката да се поделат парите била сосема необична. Се додека еден од нив има пари, знаеле дека нема да им ја исклучат струјата.

„По улогата во ‘Џеронимо’ имав околу 35 илјади во банка. Му реков: Мирни сме една година“, се присети Мет.

Актерите додадоа дека имале правила за земање пари од сметката. Десет долари дневно ги користеле за играње игри, а останатите пари за аудиции.

Слични содржини